Дома Трансфер зона Милан заинтересиран за екс фудбалер на Интер

Милан заинтересиран за екс фудбалер на Интер

Раководството на Милан покажува сериозен интерес за фудбалерот на Џенова, Диего Лаксалт, пренесуваат италијанските медиуми.

„Росонерите“ се спремни да испратат инетерсна понуда во која ќе биде вклучен и Андреа Бертолачи, кој моментално игра како позајмен фудбалер во Џенова.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милан и Џенова имаат одлична соработка, па минатото лето покрај Бертолачи кај „грифоните“ се пресели и Џанлука Лападула.

Џенова следното лето треба да им исплати на „росонерите“ 10 милиони евра за услугите на Лападула, а Милан сака за возврат да го добие Лаксалт.

Уругваецот игра фантастична сезона во Џенова и го привлече вниманието на многфу големи клубови, па Милан сака што е можно побрзо да го договори трансферот.

Потсетуваме, Лаксалт е поранешен играч на Интер, но не остави силен впечаток на „Џезепе Меаца“ и запиша само неколку натпревари со дресот на „нероаѕурите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…