Дома Трансфер зона Милан доби конкуренција за потписот на Фабрегас

Милан доби конкуренција за потписот на Фабрегас

Цеск Фабрегас најверојатно ги брои последните денови во Челзи, а како што се приближува зимскиот преоден рок, така се побројни се понудите за Шпанецот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


До сега како фаворит за неговиот потпис важеше Милан, но сега во трката се приклучи и француски Монако.

Монако игра катастрофална сезона и се бори за опстанок во лигата, па Анри сака квалитетни засилувања во јануари.

Негова најголема желба е токму Фабрегас и веќе го известил раководството на Монако да испрати понуда за шпанскиот плејмејкер.

Сепак, прашање е дали Фабрегас ќе се согласи на таков ризик и да потпише за клуб кој моментално е во зоната за испаѓање од Лига 1.

Анри ќе се обиде лично да го убеди бидејќи е негов пријател од деновите во Арсенал, но Фабрегас сепак преферира преселба во Милано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…