Дома Трансфер зона Милан го сака играчот кој беше обвинет дека наместил натпревар

Милан го сака играчот кој беше обвинет дека наместил натпревар

mata herera

Шпанецот не е во плановите на Жозе Мурињо и најверојатно ќе ја промени средината на крајот од сезоната.

Многу веројатно е дека играчот за врска на Манчестер Јунајтед, Андер Ерера, ќе го гледаме во дресот на друг клуб.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Првиот клуб кој покажа интерес за 28 годишниот Шпанец е италијански Милан, пренесуваат шпанските медиуми.

Сепак според „Мундо Депортиво“ приоритет за Ерера е враќање во Атлетик Билбао каде што настапуваше се до 2014 година кога премина во редовите на Манчестер Јунајтед за сума од 29 милиони фунти.

Договорот на Ерера со „ѓаволите“ истекува во јуни 2019 година, па поради ова Јунајтед не може да очекува преголема сума како оштета.

Да потсетиме, Ерера неодамна беше обвинет за учество во наместен натпревар од времето додека настапуваше во Шпанија во редовите на Сарагоса.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Гринвуд блеска, Јунајтед не го сака: Серија А следна дестинација?

Мејсон Гринвуд (22) го направи потегот на кариерата кога по обвинувањата за силување и нас…