Дома Трансфер зона Милан го откупува Томори и преговара за Брахим Дијаз

Милан го откупува Томори и преговара за Брахим Дијаз

Откако синоќа и официјално обезбедија пласман во Лигата на шампиони, „росонерите“ веднаш почнаа да прават планови за следната сезона.

Прва цел ќе биде да ги задржат Факијо Томори и Брахим Дијаз, играчи кои се на позајмица во Милан.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Томори веднаш се наметна во првиот тим и со своите настапи го импресионираше раководството, но и фановите.

Милан во договорот има опција да го откупи на лето за 28 милиони евра, а италијанските медиуми откриваат дека „росонерите“ веќе донеле одлука и ќе ја платат сумата за откуп. Играчот веќе постигна договор за 5-годишна соработка со италијанскиот гигант.

Ситуацијата со Брахим Дијаз е различна бидејќи во договорот нема опција за откуп. Милан веќе заполнал преговори со Реал Мадрид и ќе се обиде да ја продолжи позајмицата за уште една година со опција за откуп следното лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Бомба“: Баерн Минхен го сака Ван Дајк

Фудбалерот на Ливерпул Вирџил ван Дајк размислува да го напушти клубот.  Ван Дајк нал…