Дома Топ вести Милан го купува „новиот Погба“

Милан го купува „новиот Погба“

Милан добро го засили тимот во летниот преоден рок, а веќе прави планови за зимски засилувања.

„Росонерите“ го засилија средниот ред со Сандро Тонали, но не успеаа да постигнат договор со Челзи за Бакајоко.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанските медиуми тврдат дека главна цел на Милан во зимскиот преоден рок ќе биде играчот за врска на Лил, Бубакари Сумаре.

Сумаре минатата сезона со своите настапи ги воодушеви фудбалските критичари, па веќе го доби епитетот „новиот Погба“, бидејќи многу наликува на ѕвездата на Манчестер Јунајтед.

Европските гиганти веќе покажаа силен интерес за Сумаре, но француските медиуми тврдат дека Милан сака да ја победи конкуренцијата и веќе започнал преговори.

Милан има одлични односи со Лил од каде минатото лето го донесе Рафаел Леао за 30 милиони евра, а се претпоставува дека и трансферот на Сумаре ќе чини осто толку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…