Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан го договорил првото засилување за следната сезона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Станува збор за голманот на Аталанта, Марко Спортиело, кој ќе дојде на „Сан Сиро“ да биде втор голман.
Мајк Мањан се етаблираше во еден од најдобрите голмани во Европа, но оваа сезона е повреден и го заменува Татарушану.
Милан не е задоволен, па сака да доведе подобар втор голман и започна преговори со агентот на Спортиело.
Договорот на Спортиело со Аталанта завршува на крајот на сезоната, па тој како слободен агент ќе се пресели на „Сан Сиро“.