Тимот на Милан успешно ги завврши преговорите за доведување на Марко Спортиело, голманот на Аталанта.
Искусниот 31-годишен голман ќе се пресели во Милан откако го загуби првотимскиот статус во Аталанта.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Преговорите брзо завршиле па Спортиело веќе ставил потпис на тригодишен договор кој ќе стапи на сила од 1. јули. Спортиело во Милан ќе има плата од 500.000 евра, а во Милан доаѓа на местото на Татарушани кој како слободен играч ќе го напушти „Сан Сиро“.
На голот на Аталанта, Спортиело бранеше на 123 натпревари во период од 2017-та до 2019-та, потоа имаше успешни настапи и на позајмиците во Фиорентина и Фросиноне. Сезонава тренерот Гасперини не сметаше сериозно на него и му даде шанса само на 13 натпревари во сите натпреварувања.
Спортиело секако е свесен дека и во Милан доаѓа да биде резерва на одличниот Мањан.