Дома Трансфер зона Милан бара алтернатива за Тео, ја најде во Бразил

Милан бара алтернатива за Тео, ја најде во Бразил

Милан до крајот на преодниот рок сака да донесе лев бек, кој ќе биде алтернатива за Тео Хернандес.

Прв на листата желби е Нуно Мендеш. 18-годишниот дефанзивец е младински репрезентативец на Португалија и важи за еден од најголемите таленти во Европа.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мендеш може да игра како лев бек и како стопер, а за него интерес покажуваат многу европски гиганти. Сепак, овој трансфер е тежок за реализација бидејќи Спортинг бара да биде платена откупната клаузула која изнесува 45 милиони евра.

Втор на листата желби е левиот бек на Сантос, Матијас Виња. Уругваецот со своите одлични настапи во Копа Либертадорес го привлече вниманието на многу европски клубови, а неговата цена е околу 5 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Бомба“: Баерн Минхен го сака Ван Дајк

Фудбалерот на Ливерпул Вирџил ван Дајк размислува да го напушти клубот.  Ван Дајк нал…