Македонскиот вицешампион Металург повторно ќе побара од ЕХФ да добие место во Лигата на шампионите.

“И следната сезона Металург има желба и амбиција да биде дел од најсилното европско клупско натпреварување, Лигата на шампионите. Денеска ни завршуваат обврските во домашното првенство, а во текот на идната недела преку канцеларијата на РФМ ќе ја испратиме нашата апликација до ЕХФ. Се надеваме дека со нашата игра, нашиот квалитет и со создавачкиот концепт ќе ги задоволиме критериумите на ЕХФ и повторно ќе бидеме дел од ракометната елита”, изјави за клупската веб страница претседателот на клубот, Зоран Цветановски.

Металург сезонава го освои второто место во домашното првенство и сигурно ќе биде дел од СЕХА лигата, а преку канцеларијата на Ракометната федерација ќе аплицира за ново учество во елитното натпреварување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Судиите ова коло биле без грешка – и во ПМФЛ и во ВМФЛ!

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 32 коло на ПРВА МФЛ, и ги донесе следните…