Барселона на гости кај Алавес го играше дуелот од второто коло во Примера.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Барселона сезоната ја стартуваше со две победи. По Бетис, падна и Алавес, а каталонскиот тим и натаму е без примен погодок.
Во 38. минута, Меси имаше можност да биде прецизен од белата точка, но истиот го одбрани Пачеко, па на полувреме се замина без погодоци.
Во второто полувреме, Барселона ја заврши задачата, па Меси постигна два погодоци како извини за промашениот пенал. Првиот погодок го постигна во 55. а вториот во 66. минута.