Дома Фудбал „Меси не може да игра за ниту еден тим од Топ 6 во Премиер лигата“

„Меси не може да игра за ниту еден тим од Топ 6 во Премиер лигата“

Лионел Меси важи за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња и не постои клуб кој не би го сакал во своите редови.

Бившиот англиски фудбалер, Дени Милс кој моментално работи како стручен коментатор даде неверојатна изјава и смета дека Меси не би можел да игра во Топ 6 клубовите од Премиер лигата.

„Меси сега да дојде во Премиер лигата? Веројатно не. Во Сити сигурно не би играл, во Ливерпул исто така. Мислам дека не може да игра и во Тотенхем. Сметам дека Меси во моментов не е за во првите шест тимови од Премиер лигата“ изјави Милс.

Меси минатата сезона во ПСЖ ја одигра под својот просек, но има уште една година од договорот со францускиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Станојевиќ по четврти пат во Партизан, Петровиќ со силна порака за Илиќ

Александар Станојевиќ го наследува Саша Илиќ, а спортскиот директор Радосав Петровиќ порач…