Конкурсот за наследник на Суарез е одамна отворен, Барселона се подготвува за живот по Уругваецот.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Првично имаше три имиња, но според тврдењата на „Дон Балон“, Лео Меси има посебна желба. Таа се вика Роберто Фирмино, Бразилецот игра одлично од стартот на сезоната и изгледа дека е најдобриот поединец во Ливерпул.
За важноста за играта на екипата од Клоп се зборува се повеќе и тоа со причина, Фирмино е напаѓач каков што и е потребен на Барса, бидејќи покрај квалитетите во финишот, тој има квалитети со кои лесно би се вклопил во тактиката на Валверде. Управата не е против оваа идеја, затоа што „Црвените“ играат брз и силен интензивен фудбал, а фудбалерот има 28 години и се наоѓа на врвот на неговата кариера.
Сепак, целата „операција“ би морала да почека до 2021. година до кога трае договорот за забрана на купвуање на фудбалери помеѓу Барселона и Ливерпул, па на „Енфилд“ можат да бидат мирни до тогаш.