Лионел Меси синоќа го постигна првиот гол во дресот на ПСЖ и тоа против Манчестер Сити во Лигата на шампиони.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
После мечот Меси не можеше да ја сокрие радоста и изјави дека колку повеќе време поминува на теренот заедно со Нејмар и Мбапе, ќе бидат се подобри во иднина.




„Имав огромна желба да играм, не играв многу во последно време, ова беше само втор меч на овој стадион. Малку по малку се привикнувам на новиот тим и соиграчите. Знам дека денешниот ден беше многу важен, сега мора да продолжиме бидејќи преостануваат многу натпревари оваа сезона“, истакна Меси и додаде:




„Колку повеќе играме заедно со Мбапе и Нејмар толку подобри ќе бидеме. Треба да растеме како тим од натпревар во натпревар.