Конор Мекгрегор пред себе има голема броба. Во ноќта помеѓу сабота и недела Конор ќе се бори против Дастин Поарје, а со евентуална победа веројатно би добил шанса да го врати појасот во лесна категорија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Пред борбата со Поарје Ирецот одговораше на различни прашања.
Со оглед на тоа дека е многу популарен една новинарка ја интересираше како ќе му биде да се бори во празна арена.
„Едвај чекам да се борам без публика. Сакам да се слушне колку сум силен и прецизен, бучавата од публиката тоа го крие. Сега единствениот звук ќе бидат ударите“, изјави Конор.
Познато е дека парите и тоа како го интересираат, меѓутоа постои нешто што повеќе го мотивира.
„Не е се во парите. Јас сум тука да креирам хајлајтс. Испаѓа како да е се во парите и појасите, но тие доаѓаат и си заминуваат. Хајлајтсите се нешто што останува засекогаш“, порача Конор.