Дејан Георгиевски денес пристигна во Скопје после големиот успех на олимписките игри каде што освои сребро.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Откако пристигна во Скопје тој и неговиот тим, заедно со првиот човек на АМС Наумче Мојсовски одржаа прес-конференција. На оваа прес-конференција тренерот Дарко Костовски посочи дека таеквондото како спорт има голема идина. Посебно се задржа на семејството на Георгиевски.
„Сестрата на Дејан Георгиевски, Ана Марија Георгиевски го има постигнато најголемиот успех во јуниорска конкуренција во самостојна Македонија, донесе бронзен медал од јуниорско првенство, брат му е балкански шампион во таеквондо и тоа треба да се знае“, истакна Костовски набројувајќи уште неколку имиња кои во иднина можат да донесат успеси и медали.