Дома Трансфер зона Мбапе и Верати го убедиле Нејмар да остане во ПСЖ

Мбапе и Верати го убедиле Нејмар да остане во ПСЖ

Најскапиот фудбалер на светот, Нејмар цело лето беше главна тема на трансфер пазарот бидејќи сакаше да го напушти Пари Сент Жермен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Барселона и Реал Мадрид беа силно заинтересирани за Бразилецот, кој настојуваше по секоја цена да се врати во Шпанија.

Напаѓачот е разочаран од однесувањето на Барселона, бидејќи Каталонците не направија се за да го донесат во своите редови. Парижаните ќе се обидат да ја искористат таквата ситуација и да го убедат Бразилецот да остане во клубот. 

„Паризиен“ тврди дека неговите соиграчи Марко Верати и Килијан Мбапе го убедиле Нејмар да остане во Париз ова лето.

И двајцата се добри пријатели со Бразилецот и сакаат да го имаат што е можно подолго во тимот, па сега го убедуваат да остане што е можно подолго.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…