Дома Фудбал Останато Мајката на Мбапе ги изненади сите: Преговараме со ПСЖ

Мајката на Мбапе ги изненади сите: Преговараме со ПСЖ

Иднината на Килијан Мбапе се уште е главна тема во медиумите откако ѕвездата на ПСЖ откри дека ова лето сакал да го напушти клубот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Трансферот во Реал Мадрид не се реализираше и Мбапе остана во ПСЖ, но неговиот договор со „светците“ истекува на крајот на сезоната.

Фајза Ламари, мајката на младиот Французин, денес ги изненади сите кога изјави дека преговорите со ПСЖ за продложување на соработката се во тек.

„Во моментов сме во фаза на преговори со ПСЖ за нов договор и работите одат во добар правец. Јас имав состанок со Леонардо. Ќе најдеме решение, но една работа е сигурна, Килијан ќе се потруди со ПСЖ да ја освои Лигата на шампиони“, изјави мајката на Мбапе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Натан Аке го напушти Манчестер Сити

По шест сезони во Манчестер Сити, дефанзерот Натан Аке го напушта клубот и се приклучува н…