Дома Фудбал Англија Матиќ призна дека атмосферата во соблекувалната на Јунајтед не е добра

Матиќ призна дека атмосферата во соблекувалната на Јунајтед не е добра

Играчот за врска на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ призна дека атмосферата во соблекувалната не е добра.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Поради резултатите на тимот и шестата позиција на табелата, атмосферата е нарушена во соблекувалната на „црвените ѓаволи“.

„Атмосферата зависи од резултатите. Се разбира кога ќе остварите добар резултат, тогаш атмосферата е во ред и сите се среќни. Но како што знаете, ситуацијата не ни е најдобра на табелата, па затоа и атмосферата не е баш фантастична во соблекувалната“.

„Но мора да останеме позитивни и да веруваме до крај дека можеме до четвртото место. Атмосферата ќе зависи токму од тоа, доколку сме во првите 4, ќе биде добро, но доколку не, ќе биде многу тажно“, изјави Матиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Килијан Мбапе станува фудбалскиот Мајкл Џордан

По речиси две децении заврши соработката на Мбапе со Најк, но Французинот наводно не сака …