Дома Трансфер зона Марсело сака да си оди, четири клуба во трка за потписот

Марсело сака да си оди, четири клуба во трка за потписот

Искусниот лев бек на Реал Мадрид, Марсело е спремен да го напушти клубот ова лето, после цели 12 години, тврдат шпанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Причината за ваквата одлука е што Марсело смета дека ова последниот момент да потпише богат договор. Поради тоа 31-годишниот Бразилец го известил раководството за својата одлука.

Минатата сезона не беше успешна за Марсело, кој го загуби местото во стартниот тим. Меѓутоа со враќањето на Зидан во клубот, Бразилецот повторно се врати меѓу стартерите.

Ова лето Реал го купи Ферланд Менди, со кого треба да ја дели минутажата, па ова е уште една причина да ја промени средината.

Шпанските медиуми тврдат дека Марсело има понуди од ПСЖ, Јувентус, Арсенал и Милан и наскоро неговите агенти ќе разговараат со Флорентино Перез.

https://youtu.be/SKcIOZeKhtc

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…