Дома Фудбал Марсело останува уште една сезона во Реал

Марсело останува уште една сезона во Реал

Раководството на Реал Мадрид му понуди нов едногодишен договор на ветеранот Марсело, пренесува „АС“.

Актуелниот договор на Бразилецот истекува на лето и се очекуваше тој да го напушти „Сантијаго Бернабеу“. Во последните денови, сепак, дојде до пресврт и сега се големи шансите тој повторно да потпише за уште една сезона.

33-годишниот лев бек стана играчот со најмногу трофеи во историјата на Реал Мадрид. Тој веќе има 24 пехари на своето конто – еден повеќе од Пако Хенто.

Анчелоти сака да го задржи бидејќи Бразилецот е исклучително важен играч во соблекувалната и дал зелено светло за негово останување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сити двапати се враќаше, па на пенали го скрши Брајтон!

Рајан Шерки и Џеронимо Рули беа клучни за пласманот на Манчестер сити во четвртфиналето на…