Дома Фудбал Мароко го сака Брахим Диаз

Мароко го сака Брахим Диаз

Одличниот шпански интернационалец од редовите на Милан, Брахим Диаз во иднина би можел место за Шпанија да игра за Мароко.

Последните информации се дека полуфиналистите на Светското првенство го контактирале Диаз и му ја презентирале идејата да игра за нив бидејќи има опција.

Со Диаз преговарал лично селекторот Валид Реграги кој минатата недела бил во Милано на разговори со играчот.

Диаз е роден во Шпанија, меѓутоа по неговиот татко има право на мароканско државјанство. Во овој момент не е познато дали Диаз ќе одлучи да настапува за Мароко или ќе ја избере Шпанија за која веќе има еден настап.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Амити со два гола ја предводеше Македонија У15 до стартни 4:1 во Баку

Македонската селекција до 15 години ја совлада Панама на почетокот од турнирот во формат 7…