Дома Фудбал „Марка“: Пике е најдобриот стопер во светот!

„Марка“: Пике е најдобриот стопер во светот!

Жерар Пике се врати на „Олд Трафорд“ после 11 години во дресот на Барселона и одигра одлични 90 минути против Манчестер Јунајтед.

Шпанскиот шампион запиша минимална победа од 0:1 со автоголот на Лук Шо после шутот на Луис Суарез. Пике одигра навистина перфектен натпревар против својот поранешен клуб.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пике имаше девет правовремени расчистувања на опасни ситуации пред голот на Тер Штеген и беше на нивото на оној стар Пике кога Шпанија доминираше во светскиот фудбал.

Овој настап на Пике беше доволен да излезе со наслов.

„Жерар Пике е најдобриот стопер во светот“.

Со оваа констатација на шпанскиот медиум сигурно нема да се сложат навивачите на Ливерпул бидејќи за нив Вирџил Ван Дијк е убедливо најдобриот централен дефанзивец во светот.

Реномираниот медиум додава дека Пике силните Пол Погба и Ромелу Лукаку ги направил целосно невидливи. За нив Шпанецот бил посебно надмоќен во воздушните дуели, а ниту брзоногиот Маркус Рашфорд не можеше ништо да направи против расположениот Пике.

За крај во текстот „Марка“ уште еднаш го потврди својот став и го изнесе заклучокот.

„Во овој момент, тој игра како најдобар светски стопер“.

Пике за вчерашниот настап од популарниот сајт за спортски резултати „СофаСкор“ доби оценка 7.3.

Реваншот помеѓу овие два европски гиганти се игра на 17-ти април на „Камп Ноу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алонсо и Леверкузен испишуваат историја – израмнија рекорд стар 60 години!

Баер Леверкузен зад себе има неверојатна сезона во која успеаа да ја прекине 11-годишната …