Дома Топ вести Марка: Нејмар на два пати се обидел да го стопира трансферот во ПСЖ

Марка: Нејмар на два пати се обидел да го стопира трансферот во ПСЖ

Солзите на Нејмар на пресконференцијата пред неколку дена не биле единствените во последните месеци.

Еминентниот весник „Марка“ тврди дека Најмар ова лето на два пати се обидел да го стопира трансферот од Барселона во Пари Сент Жермен. Меѓутоа и во двата случаи веќе зделката била во напредната фаза, па Бразилецот не можел да стори ништо.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На последната средба со своите соиграчи Нејмар им рекол: „Не ме заборавајте, јас сакам да се вратам“.

Информациите на мадрискиот весник противречат на зборовите на неговиот татко и агент, кој изјави дека тој бил против трансферот, но не можел да го убеди Нејмар да остане во Барселона.

„Марка“ го тврди токму обратното, дека таткото на фудбалерот настојувал да се пресели во Париз и тоа само поради финансискиот аспект.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Баерн во Милан го најде наследникот на Ноер

Мајк Мењан е еден од најважните карики во Милан и се етаблираше во еден од најдобрите голм…