Дома Трансфер зона Марк Овермарс соопштил каде Де Лихт ќе ја продолжи кариерата?

Марк Овермарс соопштил каде Де Лихт ќе ја продолжи кариерата?

Младиот холандски фудбалер се наоѓа на мета на многу клубови ширум Европа.

Де Лихт воодушеви со своите настапи оваа сезона во дресот на Ајакс со што го привлече интересот на голем број европски гиганти. Од почетокот најмногу се поврзува со Барселона, но за него се интересираа уште Јувентус, Баерн Минхен, Пари Сен Жермен, Манчестер Јунајтед…


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Она што оди во прилог на Барселона е што Де Лихт наводно има желба кариерата да ја продолжи во нивниот клуб. Исто така за нив е добро и што веќе го обезбедија потписот на неговиот соиграч од Ајакс, Френки Де Јонг кој ќе се пресели во Каталонија за сума од 75 милиони евра, плус бонуси.

Иако Јувентус и Баерн Минхен се обиделе да влезат во преговори со Де Лихт тој на својот агент Мино Раиола му порачал дека сака трансфер во Барселона.

Дека скоро сигурно ќе заврши во дресот на каталонскиот клуб сега пишува и италијанскиот „Калчомеркато“ кој објави дека спортскиот директор на Ајакс, Марк Овермарс веќе е запознаен со конечниот исход.

Според информациите на овој медиум, Овермарс на состанокот со управата на Јувентус соопштил дека повеќе нема потреба да се сретнуваат и да преговараат за Де Лихт затоа што младиот стопер одлучил да потпише за Барселона која за него ќе плати 80 милиони евра.

Како што стојат работите клубовите чекаат сезоната да заврши и потоа да ја објават оваа вест бидејќи постои можност Барселона и Ајакс да се сретнат во финалето од Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер почна преговори со дефанзивецот на Реал

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…