Дома Фудбал Репрезентации Марадона со критики за аргентинскиот селектор: Зарем тој човек нема телевизор?!

Марадона со критики за аргентинскиот селектор: Зарем тој човек нема телевизор?!

Диего Марадона од време на време знае да проговори во јавноста за случувањата во репрезентацијата на Аргетнина, така сега негова тема беше списокот на повикани фудбалери за натпреварите против Венцуела и Мароко.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На овој натпревар Скалони ќе може да смета на Лионел Меси, но не и на Агуеро кој е вистински предводник на Манчестер Сити.

Скалони за овие две средби одлучи да не го повика Агуеро, а поради таквата одлука доби критики од легендарниот фудбалер.

„Мило ми е што ќе го гледам Меси повторно во дресот на репрезентацијата. Но како може Агуеро да не добие повик!?Зарем нема телевизор, што треба да направи за добие повик? Не можам да поверувам дека за најдобриот играч на тим каков што е Манчестер Сити не доби повик“, изјави Марадона.

Инаку во јануари на почетокот на оваа година Марадона имаше проблеми со здравјето, но сега ситуацијата е во најдобар ред.

Марадона на почетокот на јануари беше хоспитализиран во Буенос Аирес поради внатрешно крварење, но по рутинскиот преглед неколку часа подоцна ја напушти болницата.

Сепак, мораше да се оперира за да го запре крварењето, а интервенцијата поминала во најдобар ред.

„Му благодарам на Бог што помина во ред. Сега му следува период на рехабилитација, по што ќе се врати на работата“, изјави тогаш неговиот адвокат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Познато зошто Гвардиола нема да ја води Италија

Фудбалската репрезентација на Италија ќе мора да причека уште малку за да именува нов селе…