Дома Фудбал Репрезентации Марадона: Меси е „виновникот“ за сите лоши работи во Аргентина

Марадона: Меси е „виновникот“ за сите лоши работи во Аргентина

Во претходните денови многу прашина се крена околу списокот на репрезентацијата на Аргентина за наредниот пријателски натпревар на кој повторно го немаше Лионел Меси.

Меси го пропушти собриот во септември откако, но сите очекуваа тој да се врати за натпреварите кои „Гаучосите“ ги играат за две недели. Меѓутоа тоа не се случи и овој пат на големо се шпекулира за неговата иднина во репрезентацијата.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Поради ваквата ситуација во јавноста се огласи и легендарниот Диего Марадона кој на свој начин му испрати поддршка на селекторот на Аргентина и луѓето од сојузот. Марадона порача дека Меси е „виновен“ за сите лоши работи кои се случувааат во Аргентина.

„Меси е виновен за поразот на кадетската репрезентација. Виновен е што Расинг сега е пред Бока Јуниорс. Него треба да го обвиниме за се. Би му порачал повеќе никогаш да не игра за репрезентација. Па да видиме како ќе биде без него“, изјави Марадона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Салфетка со потписот на Меси за Барселона продадена за скоро милион евра📷

Oткако неодамна беше објавено дека на аукција е ставена салфетката на која Лионел Меси пот…