Дома Фудбал Останато Марадона во градското дерби влезе во судир со противнички играч (ВИДЕО)

Марадона во градското дерби влезе во судир со противнички играч (ВИДЕО)

Во Аргентина беше одиграно градското дерби меѓу Химназија и Естудијантес, а тимот на Диего Марадона беше поразен со 0-1, а легендата на аргентинскиот фудбал повторно имаше кралски третман од страна на навивачите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сепак, на полувреме се „закачи“ со фудбалерот на Естудијантес, Гастон Фернандез, кој иронично се смееше додека Марадона сакаше да му одржи лекција.

„Со што се занимаваш? Да не си професионален скокач, кенгур?“, праша Марадона, по што Фернандез го навреди.

Сепак, по некое време фудалерот на Естудијантес реши да му се извини на Марадона поради навредата.

„Нема да се карам со Марадона. Нека остане тоа на теренот и ништо повеќе. И Диего беше фудбалер, знае што е фудбалот и што се случува на теренот“, кажа Фернандез.

Тој момент можете да го видите на 0:48 во видеото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дибала сè поблиску до заминување, за неговата замена Рома ќе мора да издвои 55 милиони евра!

Рома бара засилувања во офанзивниот ред бидејќи се очекува Пауло Дибала да го напушти клуб…