Дома Фудбал Италија Манчини ја презема Италија и дебитира на 28-ми мај?

Манчини ја презема Италија и дебитира на 28-ми мај?

Италијанските медиуми пренесуваат дека Роберто Манчини ќе биде назначен за нов селектор на италијанската репрезентација и ќе дебитира на 28-ми мај.

Од Италијанската фудбалска федерација се уште нема потврда, но сакаат новиот селектор да биде испран најдоцна до 20-ти мај.

Италија ќе игра пријателски меч проти Саудиска Арабија на 28-ми мај, па сигурно ќе биде поставен нов селектор пред тој натпревар, а ќе добие двегодишен договор до Европското првенство 2020 година.

Манчини е најсериозен кандидат за селекторското место, бидејќи Зенит нема проблем да го раскине договорот со Италијанецот на крајот на сезоната.

„Медиасет“ пренесува дека екс тренерот на Интер и Сити следните денови ќе потпише договор со Италијанската федерација и ќе дебитира на 28-ми мај против Саудиска Арабија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Трансфер на векот на Баерн кој тешко дека некој ќе ја надмине!

Баерн го доведе Мусијала летото 2019 година од младинската школа на Chelsea за само 200.00…