Дома Фудбал Италија Манчини предизвика бура од реакции со објава за коронавирусот па се извини

Манчини предизвика бура од реакции со објава за коронавирусот па се извини

Италијанскиот селектор Роберто Манчини предизвика бура од реакции со фотографијата која ја објави на неговото Инстаграм стори.

Темата на сторито беше коронавирусот кој се уште не запира, а во последните два дена во Италија починаа повеќе од 200 лица. Познато е дека Италија беше една од најпогодените земји во светот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На спорната фотографија која Манчини ја објави се гледаат доктор и пациент. Докторот го прашува пациентот како се заразил, а тој одговара: „Гледајќи вести“.

Ваквата негова објава предизвика реакции затоаш тоа се сметаше како непочитување кон  кон болните и жртвите од Ковид-19. Манчини потоа и се извини.

„Едноставно објавив фотографија која изгледаше дека вади драма од сложениот момент. Тоа е се. Не постоеше никаква темелна порака или нешто слично. Немав намера да покажам непочитување кон болните и жртвите од Ковид-19. Ако така испадна тогаш се извинувам“, изјави Манчини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…