Дома Фудбал Останато Манчини не е повеќе селектор на Саудиска Арабија

Манчини не е повеќе селектор на Саудиска Арабија

Роберто Манчини и Саудиска Арабија се разделија по само нешто повеќе од една година соработка.

Манчини беше назначен за селектор на Саудиска Арабија во август 2023 година и потпиша четиригодишен договор. Сепак, потпросечните резултати на националниот тим изминатиот период ги натераа челниците на саудискиот фудбал да реагираат и спогодбено да го раскинат договорот Италијанецот.

Тој 20 натпревари ја предводеше селекцијата на таа земја. Забележа 8 победи, 7 нерешени и 5 порази.

Саудиска Арабија моментално е на третото место во групата Ц од азиските квалификации за Светското првенство во 2026 година, со 5 бода по четири кола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Maнчестер Сити не го завршил преодниот рок, нуди 95 милиони евра!

Манчестер Сити сериозно ја разгледува можноста за ангажирање на извонредниот фудбалер од Е…