Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед ја сака младата ѕвезда на Милан

Манчестер Јунајтед ја сака младата ѕвезда на Милан

Манчестер Јунајтед покажува сериозен интерес за младиот дефанзивец на Милан, Пјер Калулу, пренесуваат англиските медиуми.

21-годишниот Французин буквално „експлодира“ минатата сезона во дресот на Милан и се етаблираше во еден од најдобрите млади дефанзивци.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Французинот неодамна стави потпис на нов договор со „росонерите“ до 2027 година, но Јунајтед е спремен да понуди 50 милиони евра за неговиот потпис.

Тен Хаг го сака Калулу бидејќи подеднакво добро може да игра како десен бек и како стопер.

Сепак, тешко е да се поверува дека Милан ќе се согласи со продажба на младата ѕвезда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал фаворит за потписот на Шешко

Арсенал сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот…