Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед спреми 80 милиони за Кулибали

Манчестер Јунајтед спреми 80 милиони за Кулибали

Изгледа дека Манчестер Јунајтед конечно тргна да ги решава своите дефанзивни проблеми.

Солскјер ќе има солиден буџет во летниот преоден рок и одврзани раце да креира тим по своја мерка, а приоритет за „црвените ѓаволи“ ќе биде доведување на врвен дефанзивец.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Стоперот на Наполи Калиду Кулибали веќе подолго време се поврзува со клубот од „Олд Трафорд“, а последните информации од Островот велат дека Јунајтед нема да жали пари да го донесе во своите редови.

Имено, „црвените ѓаволи“ испрати понуда од 80 милиони евра, која наводно Наполи нема да може да ја одбие. Притоа, англискиот гигант му нуди на дефанзивецот двојно поголема плата од таа која ја заработува во Италија.

Кулибали го известил раководството на Наполи дека сака да ја промени средината, а бидејќи ПСЖ се откажа од него, сега Манчестер Јунајтед е фаворит за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…