Дома Фудбал Манчестер Јунајтед со ограничување за зимски трансфери

Манчестер Јунајтед со ограничување за зимски трансфери

Манчестер Јунајтед нема да купува играчи во зимскиот преоден рок, а ќе бара засилување на позајмица, откриваат медиумите на Островот.

Причината за тоа е дека сопствениците, семејството Глејзер се обидуваат да го продадат клубот. Токму поради таа неизвесност му дозволи на Луверпул да победи во трката за потписот на Коди Гакпо.

Веста дека клубот ќе доведува засилувања само на позајмица е сериозен удар за менаџерот Ерик тен Хаг, кој имаше големи надежи, дека значително ќе го засили тимот во јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ковач здивна по долгите патувања: Дортмунд дома брка прекин на ремијата

Борусија го пречекува Ајнтрахт по три гостувања во низа. Традицијата е силно на нејзина ст…