Дома Фудбал Останато Манчестер Јунајтед „потона“ во Севиља, Јувентус го преживеа Лисабон🎥

Манчестер Јунајтед „потона“ во Севиља, Јувентус го преживеа Лисабон🎥

Манчестер Јунајтед доживеа тежок пораз на гостувањето кај Севиља и е елиминиран од Лига Европа. Јувентус одигра реми против Спортинг и и се пласира во полуфинале.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Јунајтед лошо го започна мечот од самиот старт, а Мегваер направи катастрофална грешка и му подари топка на Ен Несири, кој погоди за водство од 1:0.

На самиот старт на второто полувреме Баде погоди за 2:0, а после тој гол „црвеите ѓаволи“ не успеаа да се опорават. Конечните 3:0 беа дело на Ен Несири во 81-та минута.

Јувентус прв дојде во водство против Спортинг уште во 9-та минута, но домаќините добија пенал во 20-та минута, а сигурен од белата точка беше Едвард.

Спортинг во второто полувреме фрли се на една карта и создаде неколку одлични шанси, но не успеа да постигне гол, па Јувентус се пласира во полуфиналето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Валверде и Чуамени ги чекаат брутални казни, можат да бидат и избркани од клубот!

Реал Мадрид иницираше вонредна дисциплинска постапка против Федерико Валверде и Орлиен Чуа…