Дома Фудбал Англија Манчестер Сити ослабен гостува во Белград

Манчестер Сити ослабен гостува во Белград

Maнчестер Сити ја прекина низата на неуспеси и така со не толку добра игра го победи Лутон во Премиер лигата, а следен натпревар кој ги очекува избраниците на Пеп Гвардиола е против Црвена Звезда во Лигата на шампионите.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Натпреварот на стадионот „Рајко Митиќ“ нема да влијае на распоредот во групата, но црвено-белите против актуелниот европски шампион ќе бараат позитивен резултат.

На овој натпревар Сити ќе биде без Ерлинг Халанд и Жереми Доку, како и Кевин Де Брујн кој е повреден од претходно.

„Се надевам дека Халанд и Доку ќе бидат спремни за натпреварите на Светското клупско првенство. Од ден во ден ќе ја следиме нивната здравствена ситуација. Во Белград нема да можат да бидат на терен, веројатно ќе бидат спремни за седум до десет дена“, истакна Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Сопственикот на Милан го одобрил трансферниот план на Алегри

Сопственикот на Милан, Џери Кардинале, дал зелено светло за летната трансферна селекција к…