Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед испрати понуда за Милинковиќ-Савиќ

Манчестер Јунајтед испрати понуда за Милинковиќ-Савиќ

Италијанските медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед започнал преговори со Сергеј Милинковиќ-Савиќ.

Најголема желба за засилување на средниот ред на „црвените ѓаволи“ е токму Милинковиќ-Савиќ, во кого на „Олд Трафорд“ гледаат идеална замена за Погба.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Црвените ѓаволи“ стапиле во контакт со неговиот агент и работат на трансферот, а веќе спремиле понуда од 70 милиони евра.

Лацио е свесен дека не може да го задржи повеќе на „Олимпико“ и за неговата слобода бара 80 милиони евра, па двата клуба се очекува преку преговори да ја надминат разликата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал и ПСЖ се „тепаат“ за големиот аргентински талент

Реал Мадрид и ПСЖ покажуваат сериозен интерес за големиот аргентински талент на Ривер Плат…