Познато е колу големо ривалство има помеѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед, но исто така огромно е и ривалството помеѓу Јунајтед и Ливерпул. Поради тоа ривалство со Ливерпул, навивачите на Манчестер Јунајтед сакаа титулата во Премиер лигата да ја освојат нивните градски ривали.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
На крајот таа нивна желба се оствари, најголемиот нивни ривал во Англија не ја освои титулата. Во финишот од сезоната навивачите на „ѓаволите“ навиваа за Манчестер Сити, а денес уште еднаш ќе бидат фанови на нивниот градски ривал.
Имено, денес Манчестер Сити игра против Вотфорд во финалето од ФА Купот и во овој натпревар на Манчестер Јунајтед им одговара нивните градски ривали да стигнат до трофејот. Причината е едноставна, доколку Вотфорд го победи Сити и го освои ФА Купот ќе обезбеди директно место во групната фаза од Лигата на Европа, а Јунајтед ќе игра квалификации, доколку пак Сити го освои трофејот „ѓаволите“ ќе одат директно во фазата по групи.
Квалификациите и да ги игра Јунајтед не би требало да им претставува некој проблем кога во прашање е влезот во групната фаза, меѓутоа проблем би можел да им настане поради распоредот. Имено, квалификациите започнуваат на 25-ти јули, а токму тој ден Јунајтед треба да игра натпревар во Шангај против Тотенхем во рамките од Интернационалниот куп на шампиони.
Доколку Јунајтед игра квалификациите не би било изненадување и да го откаже настапот на овој претсезонски турнир.