Раководството на Манчестер Јунајтед сака да го продолжи договорот со капитенот Хари Мегваер и веќе започнале преговори со неговиот агент, пренесуваат медиумите на Островот.
„Црвените ѓаволи“ му понудиле нов, петгодишен догоговор, со значително зголемување на платата.
Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓
Според новиот договор Мегваер ќе заработува 350.000 фунти неделно, а ќе има и вклучени бонуси во зависност со постигнувањата на клубот и постигнувањата на играчот.
Дефанзивецот пристигна на „Олд Трафорд“ во 2019 година од Лестер за 87 милиони евра, а актуелниот договор му истекува во 2025 година.
Со новиот договор Мегваер ќе стане еден од најплатените фудбалери во Премиер лигата.