Неодамна германските медиуми пренесоа Борусија Дортмунд постави нова цена за Џејдон Санчо и е спремна на крајот на сезоната да го пушти играчот за 95 милиони евра.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Манчестер Јунајтед не успеа да го донесе англискиот репрезентативец на „Олд Трафорд“ минатото лето, а проблем беше токму цената од 120 милиони евра, која Јунајтед сметаше дека е превисока.
Дортмунд се соочува со сериозни финансиски проблеми и ќе мора ова лето да продаде некоја од своите ѕвезди.
Сега медиумите тврдат дека „милионерите“ се спремни додатно да ја намалат целата на Санчо и да го пуштат „само“ за 60 милиони евра.
Прва причина за намалување на цената е новонастанатата финансиска ситуација поради пандемијата. Втората причина е слабата форма на Санчо оваа сезона, а англиските медиуми тврдат играчот веќе има договор со „росонерите“.