Дома Фудбал Англија Манчестер Јунајтед без Марсијал во финалето од ФА Купот

Манчестер Јунајтед без Марсијал во финалето од ФА Купот

Манчестер Јунајтед ќе биде ослабен во финалето од ФА против градскиот ривал Манчестер Сити.

Имено, Тен Хаг нема да може да смета на Марсијал, кој се повреди на мечот против Фулам.

Французинот во последно време влезе во добра форма и беше стартнер на последните натпревари.

„Антони Марсијал поради повреда ќе остане надвор од тимот за финалето на ФА Купот против Манчестер Сити. Прегледите покажаа дека станува збор за кинење на мускулот што нема да му дозволи да учествува на мечот на Вембли во сабота“, објави Манчестер Јунајтед.

Францускиот фудбалер се мачеше со повреди во текот на целата сезона, но четири од последните шест премиерлигашки дуели беше и стартер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Платини директен: Инфантино мора да замине!

Поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини, ги освежи своите критики кон лидерот на св…