После ангажирањето на Габриел Жесус минатата сезона, Манчестер Сити е на добар пат да донесе уште еден бразилски суперталент.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, англиските медиуми потврдија дека „граѓаните“ постигнале договор со Васко де Гама за трансфер на 19-годишниот Даглас Луиз.
Даглас е играч за врска кој важи за еден од најголемите таленти во Јужна Америка, за него интерес покажаа Борусија Дортмунд и Монако, но Манчестер Сити ја победи конкуренцијата.
Извештаите од медиумите велат дека „граѓаните“ за неговиот потпис ќе платат 13 милиони евра и веднаш ќе го проследат на позајмица во шпанската Примера, во тимот на Џирона.
Тоа ќе биде шанса Даглас да ги покаже своите квалитети во Европа, да собере искуство, а потоа да се пресели на „Етихад“.