Дома Трансфер зона Манчестер Сити договори „чудо од дете“, треба да биде наследник на Де Брујн

Манчестер Сити договори „чудо од дете“, треба да биде наследник на Де Брујн

Eкипата на Манчестер Сити успеала да ја добие битката и да ги договори условите за трансферот на 14-годишното „чудо од дете“ Кеван Саливан, тврди експертот за трансферот Фабрицио Романо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Станува збор за момче кое е дел од академијата на Филаделфија Унион и него го следеа и други европски клубови како Реал и Баерн Минхен, меѓутоа изгледа дека „граѓаните“ реагирале најбрзо.

Информациите се дека Саливан би се приклучил на англискиот шампион во 2027 година кога би можел да пристигне како наследник на Кевин Де Брујн во средниот ред.

Саливан игра на позицијата офанзивен играч за врска, но може да ја покрива и левата крилна позиција. За селекцијата на САД до 15 години одигра девет натпревари во кои постигна пет гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…