Дома Фудбал Англија Мане верува: Можеме да ја освоиме Лигата на шампиони!

Мане верува: Можеме да ја освоиме Лигата на шампиони!

Ѕвездата на Ливерпул, Садио Мане верува дека „црвените“ имаат квалитет да ја освојат титулата во Лигата на шампиони.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Петкратниот европски шампион го декласираше Порто во осминафиналето со 5:0 и утре го очекува противникот во четвртфиналето.

„Во турнирот останаа скоро сите топ клубови. Знаеме дека ако сакаме да станеме шампиони, треба да веруваме во себе си“, изјави Мане.

„Имаме квалитет да го победиме секој тим во светот и ќе се обидеме да го направиме тоа. Сакаме да го освоиме тој трофеј и сигурен сум дека можеме да го направиме тоа прв пат после 2005 година“, оптимист е Мане.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Саудијците го провоцираа Роналдо: Погледнете ја неговата реакција (Видео)

Кристијано Роналдо повторно се најде во центарот на вниманието, и тоа не само поради фудба…