Дома Македонски спорт Манасков за Жути и Столе: Фала ви за се мангупишта, ќе фалите!

Манасков за Жути и Столе: Фала ви за се мангупишта, ќе фалите!

Oд македонскиот репрезентативен дрес после победата против Чешка се простија две големи ракометни имиња, Филип Миркуловски и Стојанче Стоилов.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Повлекувањето на Миркуловски беше најавено, а Стоилов одлуката ја соопшти на прес-конференцијата после натпреварот. Порака со која ги испрати во репрезентативна играчка пензија испрати Дејан Манасков кој не можеше да и помогне на Македонија во овој двомеч поради повреда.

„Што да кажам за вас двајца, ако тргнам да пишувам ќе ми требаат неколку дена. Ми беше чест и задоволство што заедно ги делевме и добрите и лошите моменти во репрезентацијата сите овие години. Сите победи и порази, сите наши заеднички дружења. Фала ви за се мангупишта. Ќе фалите“, напиша Манасков на социјалните мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…