Дома Македонски спорт Мак фудбал Македонската ПМФЛ е втора во светот во една категорија!

Македонската ПМФЛ е втора во светот во една категорија!

Македонскиот фудбал е далеку од највисокото ниво во Европа, меѓутоа по нешто сме во самиот врв – тренерските смени!

Имено инсутутот за фудбалска опсерваторија или популарниот CIES денес објави дека Македонија е втора во светот по бројот на тренерски смени во ПМФЛ. Пред нас е само Босна и Херцеговина.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонија на второто место е со 90.9% тренерски смени. Во бројки од 11 клубови дури десет ги променија тренерите. Единствен кој издржа од почеток до крај на првенството е стратегот на кратовски Силекс, Горзад Михаилов.

Кога ќе погледнеме на спротивната страна на дното најмалку тренерски смени има во Индија, а таму од 12 клуба само еден клуб го сменил тренерот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Барселона го најде наследникот на Левандовски

Барселона сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантас…