Дома Останати Кошарка Македонија стартуваше со победа над Португалија на турнирот во Скопје

Македонија стартуваше со победа над Португалија на турнирот во Скопје

Македонската репрезентација стартуваше со настап на турнирот „Трофеј Македонија“ против селекцијата на Португалија и славеше со 52:47.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Македонија во овој меч забележа многу недоследности, односно имаше речиси одлична одбрана, но затоа пак, од друга страна неефикасен напад. Токму поради тоа со мака Македонија успеа да триумфира против аутсајдерот на турнирот.

Првата четвртина гостите ја добија со резултат 15:18, додека на полувремето успеавме да дојдеме до два поени позитива, односно 29:27.

Се чини третиот дел беше најлош и најнефеикасен, гостите постигнаа само 4 поени, а нашата репрезентација постигна 10. На крајот рутински Македонија успеа да слави со конечен резултат 52:47.

Најефикасен на мечот во нашиот табор беше Чековски со 14 поени, додека Стојановски постигна 10.

Македонската репрезентација утре ќе одигра меч против Холандија со почеток во 20:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Леброн и Јокиќ соиграчи од следната сезона?!

Леброн Џејмс вчера официјално се раздели од ЛА Лејкерси по дури осум години, но не планира…