Ракометната репрезентација на Македонија одигра реми (29:29) на гостувањето кај Грција во првиот од двата пријателски натпревари против нашиот јужен сосед кои се играат во Солун.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Македонија водеше по првото полувреме со три разлика 15:12, но во завршницата домаќините се вратија во игра и на крајот имаа и водство од 29:27.
Но со голови на Филип Кузмановски и Костески, Македонија дојде до реми. Меѓутоа, резултатот беше во втор план, а селекторот Лазаров го искористи мечот за да ги проба сите ракометари кои се на списокот.