Македонската ракометна репрезентација ечерва во Берлин, против Германија, ќе го одигра вториот натпревар на Европското првенство.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ова за Македонија ќе биде шеста пресметка со селекцијата на Германија и има скор од четири порази и едно реми.
Првиот натпревар го одиграа во 1999 година кога Македонија загуби со 25-36, а потоа идентично беше и во 2009 година (23-33). Следниот пораз за македонските ракометари стигна во 2012 година (23-24), додека една година подоцна бевме совладани со 23-28.
Последниот натпревар, заврши нерешено (25-25), а тоа беше меч во кој Македонија имаше напад за победа.
„Максимално сме спремни и можам да ветам една поборбена и поквалитетна Македонија. Селекторот одлучува како ќе играме против Германија. Наше е да ги спроведеме неговите замисли. Франција е поквалитетна и поискусна од Германија, но Германците секогаш даваат се од себе за репрезентацијата“, изјави Кузмановски.
Германија е фаворит на овој меч, но од таборот на „панцирите“ најавија претпазливост бидејќи знаат дека селекцијата предводена од Лазаров може да ги изненади.