Кошаркарската репрезентација на Македонија ќе има можност на домашен терен да се бори за пласман во главниот дел од квалификациите за Светското првенство.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Бордот на ФИБА денес донесе одлука Скопје да биде еден од домаќините на турнирите како дел од претквалификациите за пласман на Светското првенство 2023 година. На домашен терен ние ќе играме со Швајцарија и Словачка во период од 12 до 18 август.
Прво ќе играме со Швајцарија на 12. август, два дена подоцна со Словачка и на 16. и 18. ќе одиграме уште по еден дуел со истите селекции. Првите две репрезентации во групата обезбедуваат место во главните квалификации.