Дома Трансфер зона Поранешниот англиски репрезентативец потпиша за Лутон

Поранешниот англиски репрезентативец потпиша за Лутон

Новajлиите во Премиер лигата често пати има големи проблеми по влегувањето во елитата, а Лутон не е исклучок.

Клубот од поширокото лондонско подрачје се наоѓа на 17. позиција на табелата со четири бода, па сегашната репрезентативна пауза ја искористи да се заси со звучно име.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лутон го потврди доаѓањето на Андрос Таунсенд (32), кој потпиша краткорочен договор со клубот до крајот на календарската година.

Таунсенд најголемиот дел од својата кариера како фудбалер го помина во Тотенхем, кој го испраќаше на позајмици во повеќе клкубови во Англија, а во еден момент заработи и повик во репрезентацијата на Англија со добрите настапи во Спарс.

Под водство на Рој Хоџсон одигра 13 натпревари и постигна три гола, но во меѓувреме следуваше пад во неговата кариера, па по Тотенхем играше за Њукасл, Кристал Палас и Евертон од кои си замина минатото лето.

По три месеци без клуб и проблеми со повреди, ќе добие уште една шанса во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан ја плаќа клаузулата за Гираси

Фудбалерот на Штутгарт, Серу Гираси го привлече вниманието на многу европски клубови, а на…